Специјални проекции на победничките филмови и средба со Осман Доган

Специјални проекции на победничките филмови и средба со Осман Доган

 9. Филозофски Филмски Фестивал (ФФФ) трета година по ред традиционално ќе заврши со Специјалните проекции на филмовите добитници на „Златен був“ од жирито и публиката во селекцијата на долгометражни филмови. Настаните ќе се одржат во вечерва и утре (10-11 јуни), во Кинотеката на С. Македонија со почеток во 21 часот. Вечерва (10 јуни, понеделник) ќе биде прикажан добитникот на „Златен був“ од жирито, турскиот филм КРАДЦИ НА ГУЛАБИ. Жирито во состав: Милчо Манчевски (светски признат…

Read More

Ретроспектива Вим Вендерс во продолжение на 9. ФФФ

Ретроспектива Вим Вендерс во продолжение на 9. ФФФ

По завршувањето на Главната програма, 9. Филозофски Филмски Фестивал минатата недела (20-23 мај) по петти пат го реализира ФФФ Караванот, односно пренесе дел од фестивалскиот дух и атмосфера во четири градови низ земјата: Штип, Свети Николе, Прилеп и Битола. Публиката во овие градови имаше можност да погледне два од победничките филмови во компетитивната селекција (Штип), како и дел од Ревијалната програма филм-философија, односно филмови проследени со излагања и отворена дискусија со гостите (Свети Николе, Прилеп,…

Read More

Добитници на „Златен був“: Крадци на гулаби“ и 8’19”

Добитници на „Златен був“: Крадци на гулаби“ и 8’19”

Вчера вечерта, во Кинотеката на С. Македонија на свечен начин со прогласување на добитниците на „Златен був“ заврши 9. Филозофски Филмски Фестивал. Во конкуренција на селекција на долгометражни филмови жирито што го сочинуваа познатиот македонски режисер – Милчо Манчевски, професорот по филмски студии од Универзитетот во Единбург и стручњак во областа на филм-философијата – Дејвид Сорфа и професорот по филозофија и научен истражувач – Бошко Караџов, „Златниот був“ му го додели на КРАДЦИ НА ГУЛАБИ…

Read More

Прогласување на добитниците на „Златен був“ и „Заливот Слек“ за крај на 9. ФФФ

Прогласување на добитниците на „Златен був“ и „Заливот Слек“ за крај на 9. ФФФ

Денес, со прогласувањето на добитниците на наградите „Златен був“ свечено ќе биде спуштена завесата на 9. Филозофски Филмски Фестивал. Фестивалот доделува „Златен був“ од публиката и стручните жирија во конкуренција на долгометражни и краткометражни филмови. Во селекцијата за долгометражни филмови жирито во состав: Милчо Манчевски, Дејвид Сорфа и Бошко Караџов ќе го прогласи победникот помеѓу грузискиот НАМЕ на Заза Калваши, литванско/латвиско/хрватската копродукција ДИШЕЊЕ ВО МЕРМЕР на Гиедре Беинориуте, австрискиот ГРАДИНА на Питер Шрајнер, бугарскиот омнибус…

Read More

„Деца на човештвото“ и „Стикс“ на седмиот ден на 9. ФФФ

„Деца на човештвото“ и „Стикс“ на седмиот ден на 9. ФФФ

ОСВРТ КОН ШЕСТИОТ И НАЈАВА НА СЕДМИОТ ДЕН НА 9. ФФФ   Вчера вечерта со прикажување на 10 филмови од различни земји од светот заврши компетитивната програма на краткометражните филмови на 9. Филозофски Филмски Фестивал. Меѓу нив присутната публика можеше да види и два македонски филма – КОГА НÈ НЕМА, на Стефан Палитов и ПОЧЕТОКОТ, на Агим Абдула. Во Официјалната селекција за наградите „Златен був“ од публиката и жирито (д-р Габриела Калчи Новати, м-р Наум…

Read More

„Крадци на гулаби“ и втората вечер краткометражни филмови

„Крадци на гулаби“ и втората вечер краткометражни филмови

ОСВРТ КОН ПЕТТИОТ И НАЈАВА НА ШЕСТИОТ ДЕН НА 9. ФФФ Понеделникот го означи и почетокот на компетитивната селекција на краткометражни филмови на 9. Филозофски Филмски Фестивал. Во конкуренција за „Златен був“ од публиката и жирито (Наум Трајановски, Габриела Калчи Новати и Иво Бару) се наоѓаат вкупно 19 филмови. Првата вечер беа прикажани девет (9) филмови од осум (8) земји: Непал, Шпанија, Русија, Португалија, Узбекистан, Германија, Јужна Кореја и два филма од Белгија. Вечерта на краткометражни…

Read More

Кратки филмови и омнибус базиран на расказите на Георги Господинов

Кратки филмови и омнибус базиран на расказите на Георги Господинов

ОСВРТ КОН ЧЕТВРТИОТ И НАЈАВА НА ПЕТТИОТ ДЕН НА 9. ФФФ Четвртиот ден од 9. Филозофски Филмски Фестивал беше во знакот на документарниот филм. Во делот од Придружната програма (во 16:00) публиката имаше можност да го види БАДЈУ на Горав и Рохан Калјан. Филмот што ги следи животот и мислата на еден од најпознатите современи филозофи беше проследен со продлабочена анализа на некои аспекти од филозофијата на Ален Бадју од страна на д-р Марија Тодороска….

Read More

Од „Бадју“ преку „10 Минути постар“ и „Мостови на времето“до „Градина“

Од „Бадју“ преку „10 Минути постар“ и „Мостови на времето“до „Градина“

ЧЕТВРТИОТ ДЕН НА 9. ФФФ ПОСВЕТЕН НА ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ Саботата, третиот ден од 9. Филозофски Филмски Фестивал (ФФФ) содржински донесе проекции на два нови филма. Во Ревијалната програма филм-философија (18:30) присутната публика имаше можност да се наврати на полскиот оскаровец од 2015 година „контемплативната“ ИДА на Павел Павликовски. Подоцна, во своето излагање на тема: „Ида: обид за едно крос-културно читање“, Наум Трајановски (докторанд на Полската акадмија на науките во Варшава) даде опширен, богат и суптилен…

Read More

Филозофски филмски фестивал – Деветта Одисеја, епизода два

Филозофски филмски фестивал – Деветта Одисеја, епизода два

Вториот ден од 9. Филозофски Филмски Фестивал (ФФФ) на вљубениците на седмата уметност и најопштата наука (филозофијата) им понуди три уникатни доживувања. Во терминот за Ревијалната програма филм-философија (18:30) беше прикажана унгарската рапсодија за сонот ЗА ТЕЛОТО И ДУШАТА на Илдико Ењеди. Во своето обраќање до присутната публика насловено „Интимната комуникација меѓу телото и душата“, академик Катица Ќулавкова во јунговска интонација го лоцираше сонот како онаа невидлива територија на средбата меѓу телото и душата. Во…

Read More

9. Филозофски филмски фестивал отворен со Небото над Берлин

9. Филозофски филмски фестивал отворен со Небото над Берлин

Вчера вечерта во Кинотеката на С. Македонија со култното „Небо над Берлин“ свечено беше отворен 9. Филозофски Филмски Фестивал. На почетокот публиката во преполната сала на Кинотеката го слушна и виде маестралниот медитативен аудиовизуелен перформанс на Post Global Trio (Тони Димитров, Димитар Додовски и Мартин Георгиевски). Директорката на Фестивалот, Ана Дишлиеска-Митова го прогласи Фестивалот за отворен со укажување на „способноста или одговорноста на филмот, но и на филозофијата, да ги покажат работите онакви како што…

Read More
1 2 3 4