Гости
Jоана Хокен (Johanna Hawken)
Марјан Вујовиќ
Кристине Бриеде (Kristine Briede)
Габриелa Калчи Новати (Gabriella Calchi Novati)
Дејвид Сорфа (David Sorfa)
Катица Ќулавкова
Наум Трајановски
Марија Тодорска
Осман Наил Доган (Osman Nail Doğan)
-
Jоана Хокен (Johanna Hawken)
JОАНА ХОКЕН од Франција е доктор по филозофија и практичар чија страст за филозофијата и за светот на детството се поврзани во цврстото убедување за можноста од создавање филозофско образование за деца (од 5-16 годишна возраст). Водена од ова убедување, таа организира филозофски работилници низ цела Франција од 2009 год., а особено во Романвил (источен Париз) каде што ја создава Куќата на филозофијата (Maison de la Philosophie) – експериментална структура посветена на филозофските практики со различни групи граѓани. Хокен има објавено повеќе книги од областа на филозофијата за деца, а во сите нив се огледува нејзиното верување дека филозофијата може да биде од корист за сите деца, овозможувајќи им вистински да ги пресретнат промените, низ заедничка рефлексија и во дијалог за нашето заедничко постоење. -
Марјан Вујовиќ
МАРЈАН ВУЈОВИЌ, дипломирал на Филмска и телевизиска продукција на Факултетот за драмски уметности во Белград. Во 2002 е соработник на Југословенската кинотека за меѓународна соработка, а од 2013 до денес е управник на Музејот на Jугословенската кинотека и уредник на филмската програма. Во 2018 е одликуван со Oрден од рангот на Витез - италијанска ѕвезда за приднес во поврзувањето на италјанската и српската култура и кинематографија. Вујовиќ има организирано повеќе од 200 меѓународни филмски смотри и фестивали во земјата и странство, член е на српската секција на меѓународното здружение на филмски критичари FIPRESCI и член на комисијата на Филмскиот Центар на Србија. -
Кристине Бриеде (Kristine Briede)
КРИСТИНЕ БРИЕДЕ е латвиска режисерка и продуцентка на социјални проекти и проекти од областа на културата. Во 2006 г. ја добива наградата „Три Браќа“ за К@2 Karosta проектот од латвиското Министерство за култура – обнова на поранешна советска воена база, воспоставување на програмата Нови медиумски уметности (New Media Arts) на Универзитетот во Лиепаја итн. Бриеде има добиено бројни признанија за нејзините проекти во Латвија на полето на уметноста, филмот и социјалната интеграција, а има продуцирано и режирано повеќе од 10 документарни и краткометражни филмови. -
Габриелa Калчи Новати (Gabriella Calchi Novati)
ГАБРИЕЛА КАЛЧИ НОВАТИ работи на пресекот на студиите за перформанс, биополитиката и психоаналитичката теорија. Нејзини есеи за дигиталните култури, филмот, театарот, современите уметности, активизмот и политиката се објавени во еминентни списанија и во повеќе зборници. Редовно држи предавања на интернационални симпозиуми, конференции и институции. Визитинг професор на Тринити колеџот во Даблин (при Школата за креативни уметности), член на истражувачката група „The Anthropocene Atlas of Geneva“ (TAAG) и член на организацискиот и научниот одбор на интернационалната и интердисциплинарна академско-уметничка мрежа „Терор на турнеја“ (Terror on Tour). Докторатот го има одбрането на Тринити колеџот во Даблин (2012), а моментално е истражувач на Институтот Карл Густав Јунг во Цирих. -
Дејвид Сорфа (David Sorfa)
ДЕЈВИД СОРФА е вонреден професор на Филмски студии на Универзитетот во Единбург, програмски директор на магистерските студии по филм, главен уредник на интернационалното списание Филм-Философија (Film-Philosophy) и член на одборот на Africa in Motion Film Festival во Шкотска. Има пишувано за теми како: верувањето, емоциите и субјективноста во филмот, Михаел Ханеке, Јан Шванкмајер и чешкиот филм, како и широк опсег на други теми од областа на филмската уметност. Сорфа има особен интерес за филм-философијата, феноменологијата, егзистенцијализмот и делото на Жак Дерида. -
Катица Ќулавкова
КАТИЦА ЌУЛАВКОВА е македонски писател, редовен член на МАНУ (од 2003), член на Европската академија на Науките (Салцбург, од 2014) и потпретседател на Меѓународниот ПЕН (Лондон, од 2008). Автор е на десетици книги поезија и теориско-есеистички книги, на две книги куси фикции и една поетска драма. Нејзини поетски книги се објавени во превод на англиски, француски, италијански, руски, романски, португалски, хрватски, српски, црногорски, бугарски, албански, а се преведени и објавени одделни песни и на други светски јазици. Има приредено неколку антологии на македонскиот расказ и поезија и на светскиот расказ. -
Наум Трајановски
НАУМ ТРАЈАНОВСКИ е докторанд при Институтот за филозофија и социологија на Полската академија на науки во Варшава и истражувач при Филозофскиот факултет – Скопје (УКИМ). Магистрирал на студии на национализам (Будимпешта) и регионални студии на Југоисточна Европа (Скопје – Грац – Белград). Во изминативе две години работел како проектен координатор при Европската мрежа „Remembrance and Solidarity“ во Варшава и како советник на интернационалниот проект „COURAGE – Connecting Collections“, во рамки на тимот од Полската академија на науки. Неговата докторска теза се однесува на политиките на меморија во Македонија (1964-2018). -
Марија Тодорска
МАРИЈА ТОДОРСКА е родена во Прилеп 1971 г. каде завршила Економски факултет, а потоа се запишува на Филозофскиот факултет – Скопје каде дипломира, магристрира и докторира во 2010 година. Докторската дисертација е од областа на античката филозофија со наслов „Античка грчка космологија“. Има издадено една книга Аристотел и претсократовците (Аз-Буки, Скопје, 2007). Учествувала на неколку симпозиуми, конференции и трибини организирани од Филозофското друштво на македонија и објавува свои текстови во списанието Филозофска трибина. Нејзин особен интерес на истражување е поновата француска филозофија со фокус на Делез, Фуко, Ненси, Бадју. -
Осман Наил Доган (Osman Nail Doğan)
ОСМАН НАИЛ ДОГАН е млад турски режисер кој по завршувањето на образованието во Јозгат заминува во Инстамбул. Во светот на филмот влегува како режисер. Започнувајќи со посета на работилници за сценарио на Нилгин Онез и Јавуз Тургул па се до часовите за филм на Филмската академија во Њујорк. Освен неговиот прв долгометражен филм, Крадци на гулаби, пишува и сериски филм од жанрот на апсурдна комедија.