Официјална селекција на долгометражни филмови

Аманет (А Father’s Will, 2016)

Лампедуза (Lampedusa, 2015)
Смак (Smac, 2015)

Бизнис на источен начин (Eastern Business, 2016)
Вдовицата во црно (The Widow in Black, 2016)

Сè за луѓето (All About People, 2016)

Бес (Rage, 2016)
-
Аманет (А Father’s Will, 2016)
31.03 (петок), 17.00 ч.
Игран филм, Киргистан, 112 мин., колор
Режија и сценарио: Бакит Мукул (Bakyt Mukul), Дастан Жапар Улу (Dastan Zhapar uulu)
Враќајќи се од Америка кадешто живеел како имигрант 15 години, Азат се враќа во Киргистан во неговото родно село. Неговиот татко, Мурат, умира во туѓина и му остава аманет на синот да ги врати долговите. Филмот којшто беше селектиран од Киргистан како кандидат за „Оскар“ во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, е филмско деби на двајцата режисери што отвора бројни прашања за миграцијата како тема, не само на луѓето од Киргистан, туку и на модерното општество во целина. Може ли по долго отсуство некој навистина да се врати дома? -
Лампедуза (Lampedusa, 2015)
01.04 (сабота), 17.00 ч.
Игран филм, Австрија, 130 мин., црно-бел
Режија и сценарио: Пeтер Шрајнер (Peter Schreiner)
Една жена и еден маж. Островот Лампедуза – местото каде што им се вкрстуваат патиштата на бегството. Захарија, во своите доцни дваесетти години е бегалец од граѓанската војна во Сомалија, којшто го ризикувал животот на бродовите преку Медитеранот. Џулија, во своите педесети, е турист од Северна Италија и бега од личните тегоби. Овој филм (кој е ненаметлива мешавина на документарен и игран филм) е експериментално дело на Пeтер Шрајнер базирано на искуството дека кинематографијата е секогаш на некој начин поврзана со автентичноста. Прикажуван и наградуван на бројни филмски фестивали, „Лампедуза“ низ суптилните психолошки димензии на средбата помеѓу Захарија и Џулија отвора голем број на егзистенцијални прашања за животот и смртта, но и за нашата политичка стварност. -
Смак (Smac, 2015)
02.04 (недела), 17.00 ч.
Игран филм, Грција, 110 мин., колор
Режија и сценарио: Елиас Димитриу (Elias Demetriou)
Што се случува кога ќе дознаеш дека твоето време истекува? Што е најважното нешто доколку ви кажат дека се ближи крајот на вашиот живот? Жена, чија смрт е речиси на прагот, решава да покани бездомник во својот дом. Во обид да го надмине стравот од смртта сфаќа дека повеќе не се грижи за својата смрт, туку за туѓата. Елиас Димитриу, режисерот на филмот, вели дека ова не е филм за болката и страдањето, туку приказна за тоа како да љубиме и да веруваме во другите. На пример, во еден странец без покрив над главата… -
Бизнис на источен начин (Eastern Business, 2016)
03.04 (понеделник), 17.00 ч.
Игран филм, Романија, Литванија, Молдавија, 87 мин., колор
Режија и сценарио: Игор Кобилеански (Igor Cobileanski)
Црна комедија од Молдавија која ја отсликува траги-комичната Источна Европа. Двајца мажи, Маријан и Петро коваат план да заработат пари како бизнис партнери. Едниот сонува да се ожени за својата вереница, а другиот да купи кран и да живее изнајмувајќи го. Со измами, пресврти и чуда двајцата се обидуваат да ги надминат темните околности во коишто живеат и без разлика на апсурдните ситуации во коишто се наоѓаат да не го изгубат оптимизмот. Станува збор за филм што ги меша двата радикални полови на драмата и комедијата во што режисерот, Игор Кобилеански, се чувствува најудобно. -
Вдовицата во црно (The Widow in Black, 2016)
04,04 (вторник) 17.00 ч.
Игран филм, Иран, 80 мин., колор
Режија и сценарио: Фарзин Камалиниа (Farzin Kamalinia)
Симин е осамена и ментално растроена жена. Откако исчезнува нејзиниот сопруг, таа е принудена да го преземе животот во свои раце и да се соочи со мажите на кои најзиниот сопруг им е должен. „Вдовицата во црно“ е приказна за загубата, нестабилноста и одмаздата, за моралните дилеми при соочувањето со злото. Иранскиот режисер Камалиниа визуелно ни го илустрира постепеното губење на свеста на една жена којашто се одвојува од стварноста и одлучува да прави опасни нешта. -
Сè за луѓето (All About People, 2016)
05.04 (среда) 17.00 ч.
Игран филм, Грузија, 72 мин., колор
Режија: Гиорги Абашишвили (Giorgi Abashishvili)
Девет приказни од Грузија и Германија раскажуваат за убавината и трагичноста на човекувањето. Едно момченце го очекува изненадување на патот до училиштето. Млад молер ја открива магичната моќ на поезијата. Загубениот човек на железничката станица е во залудна потрага по времето, додека еден старец го губи својот внук во големиот град, а еден човек талка по гробиштата. Една двојка е заслепена од сончевиот сјај, а еден старец се збогува со сонцето и со светот на луѓето. Полни со надеж, девственост, нежност и возвишеност овие приказни базирани на делата на грузискиот писател Нодар Думбадзе (Nodar Dumbadze) зборуваат за човечката состојба во сите нејзини бои. -
Бес (Rage, 2016)
06.04 (четврток) 17.00 ч.
Игран филм, Полска., 82 мин., колор
Режија и сценарио: Михау Вегрзин (Michał Węgrzyn)
По кавгата со својата сопруга, Адам оди кај љубовницата. Подоцна, трчајќи 20 километри на патот до дома го пресретнува телефонски повик што му го менува животот. Сопственикот на телевизијата за којашто работи го унапредува во уредник на вечерните вести што е остварување на неговите соништа. Пред очите на Адам се исцртува блескава кариера и иднина, не знаејќи дека животот му е во распаѓање… Адам има само деведесет минути да си го среди животот.