СРЕДНОШКОЛСКА ВИДЕО ЛЕКТИРА

Стручен соработник: проф. д-р Ана Димишковска

Проекција на средношколска видео лектира ЧУДО ВО МИЛАНО (Miracolo а Milano / Miracle in Milan, 1951) на Виторио де Сика на 7 март 2019 год. во Кино Фросина, МКЦ
и Конкурс за најдобар средношколски филмософски есеј* на тема:

 

„Homo homini lupus est: Колку чини една насмевка?“

 

Учесници од дваесет и четири (24) гимназии:

СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ – Скопје
СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје
СУГС Гимназија „Георги Димитров“ – Скопје
СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје
СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Скопје
ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
СГГУГС „Здравко Цветковски“ – Скопје
ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје
ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје
СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш
СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
СОУ Гимназија „Таки Даскало“ – Битола
СОУ „28 Ноември“ – Дебар
СОУ Гимназија „Кoчо Рацин“ – Велес
СОУ „Јане Сандански“ – Струмица
СОУ „Ванчо Прке“ – Виница
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово
СОУ „Наум Наумовски – Борче“ – Пробиштип
СОУ „Наум Наумовски – Борче“ – Крушево
СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип
СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино
СОУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид
СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе
ПСУ „Јахја Кемал“ – Струга

 

 

 

Вклучени 32 професори од средните училишта, опфатени околу 500 ученици и пристигнати 58 есеи на Конкурсот.

Состав на Комисијата за оценка на пристигнатите есеи на Конкурсот за најдобар средношколски филмософски есеј: проф. д-р Сузана Симоновска, д-р Мартин Поповски и вонр. проф. д-р Марија Тодоровска.

Свечено доделување на наградите од Едукативната програма: 3 мај 2019 (11:30 ч.) во Свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје.

 

*Тројцата првонаградени ученици ќе добијат едногодишна стипендија од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА, финансиски награди, комплети филозофска литература и списанија од издавачката куќа „Аз-Буки“ и Филозофското друштво на Македонија, како и комплет ДВД-а со македонски филмови од Кинотеката на Северна Македонија. Победничкиот есеј ќе биде објавен во списанието Филозофска трибина.

 

Во соработка со Италијанската амбасада во Скопје