Официјална селекција на краткометражни филмови
Кружно патување на монахот (The Monk, 2018)
Остатоци (The Remains, 2018)
Дуа2литет (Dua2litet, 2018)
Ноќен разговор со џелат (Night Talk with a Hangman, 2018)
Лебдење (Flouting, 2018)
Чај (Теа, 2018)
Реалност (Reality, 2017)
Млада девојка (A Young Girl, 2018)
Ноќен портрет (Night Portrait, 2017)
Heilerijk (2018)
Долина на несвесното (Valley of Unawareness, 2018)
Поема 1 (Poem 1, 2019)
Елена (Elena, 2017)
Во кучешки години мртов сум (In Dog Years I’m Dead, 2019)
Понеделник (Segunda-Feira, 2018)
Исчашеност (Sprain, 2018)
Почетокот (The Beginning, 2018)
Долмен (Dolmen, 2018)
Кога нѐ нема (When We Are Gone, 2018)
Попладневни облаци (Afternoon Clouds, 2017)
-
Кружно патување на монахот (The Monk, 2018)
13.05 (понеделник), 18:03 ч.
Ревијално прикажување
Анимиран филм, Македонија, 13 мин., црно-бел
Режија: Жарко Иванов
Во еден мал манастир, затскриен зад карпестите планини покрај едно езеро далеку од цивилизацијата, осамен млад монах слика икони од светци на ѕидовите. Еден тивок сончев ден, додека лови риби во својот мал чамец на среде езеро, одеднаш слуша женски глас. Го искушува ли некој? Или пак ова е тест за неговата совест? -
Остатоци (The Remains, 2018)
13.05 (понеделник), 18:03 ч.
Игран филм, Непал, 16 мин., колор
Режија и сценарио: Маноџ Бабу Панта (Manoj Babu Panta)
Крај имагинарниот брег протекуваат последните денови од животот на стариот рибар, носени од монотоните бранови на реката во правец на вечноста. Протокот на свеста која секнува, соочена со фаталниот увид за сеопштата минливост, потонува во носталгично и халуцинаторно искуство. Минималистичка медитативна поезија во чиста филмска форма. -
Дуа2литет (Dua2litet, 2018)
13.05 (понеделник), 18:30 ч.
Игран филм, Шпанија, 5 мин., колор
Режија и сценарио: Рафаел Монтезума (Rafael Montezuma)
Кога младиот уметник Чарли се вгледува во себеси, препознава конфузна идентитетска структура. Внатрешно патување до работ на несвесното и болен напор на самосознавање преку другиот/другата во себе. -
Ноќен разговор со џелат (Night Talk with a Hangman, 2018)
13.05 (понеделник), 18:30 ч.
Игран филм, Русија, 20 мин., црно-бело
Режија: Јаков Сивченко, (Yakov Sivchenko)
Инспирирана од новелата на швајцарскиот драмски писател Фридрих Дуренмат (Friedrich Durrenmatt) - „Судијата и неговиот џелат“ (The Judge and His Hangman) оваа темна филмска драма со благ призвук на криминалистички жанр нè води на ноќна прошетка со нашиот последен, неизбежен соговорник. Невообичаена сатира која покренува егзистенцијалистички прашања. -
Лебдење (Flouting, 2018)
13.05 (понеделник), 18:30 ч.
Игран филм, Португалија, 13 мин., колор
Режија и сценарио: Артур Сера Араужо (Artur Serra Araújo)
Додека група пријатели игра карти на тераса со поглед на плажа, долу, крај океанот, две млади жени пловат над баналноста на говорот и апсурдноста на нивните акции. Филм кој одбива да подвлекува јасни аналогии меѓу своите приказни и кој одбива да суди. -
Чај (Теа, 2018)
13.05 (понеделник), 18:30 ч.
Игран филм, Узбекистан, 15 мин., колор
Режија и сценрио: Шокир Холиков (Shokir Kholikov)
Tопла узбекистанска приказна за тегобите на староста. Она што физички останало од некогаш силниот маж, сега лежи во постела немоќно, немо и неподвижно, но она што во него останало вредно може да изнуди насмевка. -
Реалност (Reality, 2017)
13.05 (понеделник), 18:30 ч.
Игран филм, Германија, 7 мин., колор
Режија: Џиан Сунер (Gian Suhner)
Мустафа, натурализиран возач oд Германија, се обидува да ја пресретне растечката десна популистичка реторика од зад воланот на една лимузина. Духовита синтеза на прашањето за перцепцијата на реалноста и вредноста на вистината во време кога нејзината антитеза во светот станува се порелевантна и поактуелна. -
Млада девојка (A Young Girl, 2018)
13.05 (понеделник), 18:30 ч.
Игран филм, Белгија, 16 мин., колор
Режија и сценарио: Џенис Адриансен (Jeannice Adriaansens)
По ненадејната смрт на нејзиниот сопруг Ема мора да се соочи и со сопствената тага и со финансиските проблеми на семејната фарма. Ментално конфузна, полека го губи допирот со реалноста. Нејзиниот син Геерт е исправен пред двојна дилема (морална и социјална) – да ја спасува својата мајка, или да ја спаси фармата? За филмот „Пролетна поплава“ (Spring Flood) Џенис Адриаансен ја освои наградата од публиката на Филозофски Филмски Фестивал во 2017 година. -
Ноќен портрет (Night Portrait, 2017)
13.05 (понеделник), 18:30 ч.
Игран филм, Северна Кореа, 16 мин., колор
Режија и сценарио: Јени Во (Jueon Woo)
Скриени немири се будат во сонот на средовечниот Кангсу и го водат на ноќни прошетки. Неговите невешти и по малку комични полноќни гимнастички напори разоткриваат длабок, потсвесен страв: ме гледа ли таа сеуште со истите вљубени очи? -
Heilerijk (2018)
13.05 (понеделник), 18:30 ч.
Играни филм, Белгија, 14 мин., колор
Режија и сценарио: Зои Богартс (Zoë Boogaerts)
Во еден долг, рембрантовски обоен кадар, се осветлува мајчински утешителна прегратка која штити од демонот кој влегува во одајата. Нежна, интуитивна комуникација преку раката која гали како алегорија за човечкото страдање, ода за утехата и филозофија на допирот и нежноста која премногу долго отсуствува од современите трактати. -
Долина на несвесното (Valley of Unawareness, 2018)
14.05 (вторник), 18:30 ч.
Игран филм, Полска, 15 мин., колор
Режија и сценарио: Миколај Борови (Mikołaj Borowy)
Научно-фантастична драма сместена во блиска иднина. Благодарение на технолошкиот напредок осамената Хелен може да го замени својот партнер со вештачка реплика. Но интелигентната машина одбива да биде само физички двојник, а последиците можат да бидат трагични. -
Поема 1 (Poem 1, 2019)
14.05 (вторник), 18:30 ч.
Игран филм, САД, Полска, Германија, 6 мин., колор
Режија и сценарио: Даниел Зауермилх (Daniel Sauermilch)
Изморена од светот, со растревожено срце и недостаток на калциум, таа се повлекува во Центар за рехабилитација на село, во креативен обид да го реконструира својот интимен мозаик. Поетски ескапизам во потрага по формула за поднесување на понижувањата кои ги приредува модерниот живот. -
Елена (Elena, 2017)
14.05 (вторник), 18.30 ч.
Игран филм, Коста Рика, Домениканска Република, Португалија, Шпанија
Режија и сценарио: Ајерим Вилануева (Ayerim Villanueva)
Елена е 17-годишна тинејџерка, мошне несигурна во себе, која постепено го надминува стравот носена од едно ново силно чувство кое пополека се буди. Поетична драма која ја тематизира чувствителната проблематика за слободата на жената да ја истражува и реализира сопствената сексуалност среде конзервативната заедница. -
Во кучешки години мртов сум (In Dog Years I’m Dead, 2019)
14.05 (вторник), 18:30 ч.
Игран филм, Германија, 13 мин., колор
Режија и сценарио: Канжи Уеле (Kenji Ouellet)
Млади и амбициозни танчери во страствена борба за уметнички идентитет со високи перформанси. Необичен увид во контрадикцијата меѓу идеалот и реалноста, телесниот напор до границите на физичката еластичност и висините на умот. Балетско-филозофски лет на музиката на Брукнер. -
Понеделник (Segunda-Feira, 2018)
14.05 (вторник), 18:30 ч.
Игран филм, Португалија, 15 мин., колор
Режија и сценарио: Себастиао Салгадо (Sebastião Salgado)
Хелена е убава, образована и успешна жена, која среде убавината и складноста на ентериерот околу себе, потонува во темното студенило во себе. „Ipse mihi theatrum“ („во мојот театар“) – таа е фатена меѓу светот на живите и светот на мртвите, социјално целосно аутистична. Ќе успее ли малата Валентина да ја „повика баба и назад“? „Сè е во ред“ (Everything's Ok) на Салгадо во 2018 беше дел од Официјалната селекција на краткометражни филмови на Филозофски Филмски Фестивал. -
Исчашеност (Sprain, 2018)
14.05 (вторник), 18:30 ч.
Игран филм, Франција, 6 мин., колор
Режија: Пјер-Луи Умденсток (Pierre-Louis Umdenstock)
За Гералдин, ова е само уште еден обичен ден во канцеларијата, каде низ строга бирократска процедура проценува кој може да се интегрира во сегашноста. Дистописка филмска етида за проблемите кои драматично го допираат нашето време: климатските промени, човековите права или имиграцијата. -
Почетокот (The Beginning, 2018)
14.05 (вторник), 18:30 ч.
Игран филм, Македонија, 13 мин., колор
Режија и сценарио: Агим Абдула (Agim Abdula)
Една секојдневна, банална ситуација, одбива да се покори на каква било здраворазумска контекстуализација, а сомневањата во јасна и дистинктна евиденција на реалното и имагинарното ескалираат до радикално егзистенцијална скепса. -
Долмен (Dolmen, 2018)
14.05 (вторник), 18:30 ч.
Игран филм, Русија, 11 мин., колор
Режија: Оксана Белоусова (Oksana Belousova)
Потрагата по древните мегалитски структури „долмен“ (портална гробница – рус.) за Костја и Настја некогаш беше радосна средба со дивата убавина на планинските предели. За Костја, патувањето низ мистериозната шума сега станува сомнабуличка археологија низ лавиринтите на сопствената меморија, каде границата помеѓу реалните и духовните пејсажи станува сè потранспарентна. Дали е Костја доволно силен да ги остави своите скапоцени спомени во минатото и повторно да го дофати своето „тука“? -
Кога нѐ нема (When We Are Gone, 2018)
14.05 (вторник), 18:30 ч.
Игран филм, Македонија, 19 мин., колор
Режија и сценарио: Стефан Палитов (Stefan Palitov)
Суптилно нијансирање на семејна атмосфера која радикално е потресена од неочекувана смрт. Тагата и пустошот во срцата на оние кои остануваат раѓа збунетост, гнев и префрлање на неодредена вина која прераснува во молчелива конфронтација. Ќе успеат ли таткото Борис и неговата ќеркичка Сара да ги надминат своите стравови? -
Попладневни облаци (Afternoon Clouds, 2017)
14.05 (вторник), 18:30 ч.
Игран филм, Индија, 13 мин., колор
Режија и сценарио: Пајал Кападиа (Payal Kapadia)
Тивко попладне во куќата на 70-годишна вдовица која живее со нејзината слугинка Малти, мигрантка од Непал. Двете жени ги разоткриваат своите приказни кои им натежнале како попладневни облаци. Одмерена, хиндуистичко-медитативна нарација која креира ониричка амбиенталност.