РАБОТИЛНИЦА ЗА МЛАДИ „Филозофија и филм“

Стручен соработник: проф. д-р Стефан Сидовски

20-28 април 2018, НВО центар – Скопје

Работилница за млади од 18-25 години заинтересирани за филозофијата и нејзините големи прашања и загатки, а исто така и филмофили кои сакаат да мислат во слики; студенти и млади луѓе кои се во потрага по една нова форма за изразување на својата креативност, или со желба да го продлабочат своето знаење за двете области. Модератор на работилницата е професорот Стефан Сидовски, омилениот професор на бројни генерации Корчагинци, универзитетски професор, „Мајстор на аматерскиот филм“ (со снимени преку 100 независни филмови) и единствениот човек во Македонија којшто, во времето кога никој не зборуваше за филозофијата и филмот, истражуваше во оваа интересна област и креираше филмови инспирирани од филозофски концепти и идеи. Посветените ќе имаат можност, со поддршката на професорот, да креираат и филмски етиди на зададена филозофска тема, споделувајќи ја страста за филозофијата и филмот.

ФИЛОЗОФИЈА НА ФИЛМСКАТА УМЕТНОСТ – 20 март

СТРУКТУРА НА ФИЛМОТ – 22 март

КЛАСИЧНА ТЕОРИЈА НА ФИЛМОТ – 23 март

Прегледување на изработените филмски етиди и креативен фидбек од проф. Сидовски – 28 март

  

Работилници низ Македонија:

Свети НиколеСОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе

БитолаДржавно музичко училиште – Битола

ОхридСОУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид