ФФФ Караван: Штип

Како и минатите две години, по завршувањето на Главната програма на Филозофскиот Филмски Фестивал во Скопје, во втората половина од месец април Фестивалот заминува со своето патувачко кино, ФФФ Караванот, низ неколку градови од Република Македонија за да донесе дел од атмосефарата и програмата на Фестивалот и надвор од главниот град. Во 2017 г. на рутата на ФФФ Караванот беа четири градови: Штип (19-20 април), Свети Николе (21 април), Прилеп (25 април) и Битола (26 април).

Првата станица на патувачкото кино на 7. Филозофски Филмски Фестивал беше Штип со две филмско-философски вечери во соработка со Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. На 19-ти април (среда) и 20-ти април (четврток) со почеток од 20.00 часот на УГД Штип се оддржаа проекции на победничките филмови од ФФФ 2017, како и студентскиот филм кој беше изработен во рамките на Работилницата за авторски филм во Едукативната програма. Деталната програма се наоѓа во прилог. Фотографиите од ФФФ Караванот во Штип се наоѓаат тука.

Влезот за проекциите во ФФФ Караванот е бесплатен, а поканети се сите заинтересирани граѓани кои сакаат да присуствуваат на проекциите.